logo

# Сатира

Криминалец сам се пријавил во СВР Кавадарци за да не му се расипе месото што го украл

насловна слика

Капиталната инвестиција што СВР Кавадарци ја доби од Македонскиот полициски синдикат веќе почна да се исплаќа.

 

Имено, благодарение на новиот фрижидер кој свечено беше пуштен во употреба вчера, фатен е и првиот криминалец од Тиквешијата, кој сам се пријавил во полиција, токму поради фрижидерот.

 

Како што јавува нашиот дописник од Кавадарци, се работи за ситен крадец од Росоман, што пред околу една недела украл повеќе од 50 килограми месо од локална месара и го сокрил во својот дом.

 

За жал, тој не успеал долго да ужива во пленот затоа што после само неколку часа поради неплатени сметки му била исклучена струјата, па месото складирано во неговиот фрижидер за длабоко почнало да се расипува.

 

Од СВР Кавадарци соопштија дека криминалецот е сместен зад решетки, но не сакаа да дадат никакви информации за тоа што се случило со 50те килограми месо што тој ги донел со него бидејќи, како што рекоа: „не е културно да се зборува со полна уста“.  

Коментари

halSC6eosVFf5MQeOqPhof2MZ1EM0xC2B7FaOWmu

може само да претпоставиме како ќе се прослави купуењето на миксер или евентуално фен......

PWXferVS13NepXQvRwgPllgUeMR7UkIpDOxNcBtY

12321


Остави коментар