logo

# Сатира

Крава ја демантира Шахпаска: Мене ме молзат во понеделник

насловна слика

Шок! Кравата Стојна од Добри Дол, ја демантираше министерката за Труд и социјала, Јагода Шахпаска, која тврдеше дека: „Кравите мора да се молзат во недела, за да има млеко во понеделник...“. Како што вели кравата Стојна во своето обраќање до медиумите, нема вистина во тврењето дека мора да ја молзат во недела.

„Најостро ги демантирам тие шпекулации! Еве мене ме молзат во понеделник и има одма млеко истиот ден. И многу сум задоволна да ви кажам, да видите само колку нежен допир има мојот стопан... “ - вели кравата Стојна.

Коментари


Остави коментар