"Загубен клуч е причината поради која затвореникот, Сашо Мијалков, ја поминал новогодишната ноќ на слобода и славел во неколку објекти во главниот град." - соопшти управникот на струшкиот затвор, по реакциите во јавноста за пуштањето на слобода за најлудата ноќ на поранешниот директор на УБК.
Како што објасни тој, дента на 31 декември, после ручекот, господинот Мијалков забележал дека во сакото, во кое редовно руча во затворската менза, му го нема клучот од ќелијата и, бидејќи веќе бил свечено облечен за новогодишниот ручек, решил да замине на прослава, додека чуварите во затворот го бараат клучот.
Но, и покрај нивната посветена и темелна работа, потрагата по него траела неколку дена, а неговото пронаоѓање се совпаднало со враќањето на Мијалков, кој се вратил во затворот во истиот момент кога тој бил пронајден на внатрешната страна од неговата ќелија.