logo

# Сатира

Ковид 19: Лилјакот демантира дека бил изеден

насловна слика
Шок и неверување се случи во Кина. После една година откако во кинескиот град Вухан се појави коронавирусот Ковид 19, лилјакот за кој експертите твредеа деке е причината за појавување на вирусот, демантира дека бил изеден. Оваа информација фрла сомнеж за потеклото на Ковид 19. Останува да видиме како Светската здравствена организација и големите светски сили ќе реагираат на оваа изјава на изедениот лилјак. „Кој да ме изеде?! Нема врска. Од кај ви се тие глупости?! Еве како што гледате добар сум, жив, здрав... Малце имам проблеми со плуќата, кашлица нешто некоја, ама добар сум. Тоа дека ме изел некој Кинез и дека поради мене се раширил некој вирус се чисти измислици. Ја мислам ова Американците го имаат пуштено. Не е мое да зборам... ама ова е сè испланирано. Сакам да апелирам до властите ширум светот, да не се злоупотребува моето име во нивните политички игри!“ - револтирано изјави изедениот лилјак.

Коментари


Остави коментар