logo

# Сатира

Ковачевски за тоа дали ќе се менува историјата: ЈАЗИКОТ Е ЗАГАРАНТИРАН!

насловна слика

Екипата на Кооперација имаше прилика да го праша премиерот Ковачевски неколку клучни прашања и со тоа да ги реши сите дилеми околу францускиот предлог.

Еве како се одвиваше разговорот:

 

Добар ден господине Ковачевски.

 

-ЈАЗИКОТ Е ЗАГАРАНТИРАН!!!

 

Да, добро, ок ќе почнеме, само сакавме добар ден да ви посакаме.

 

-ЈАЗИКОТ!  БЕТОН! КАМЕН! ИСТО КО ИДЕНТИТЕТОТ! ЗАГАРАНТИРАН!


Да, еве баш тоа и ми беше првото прашање. За јази..

 

-ЈАЗИКОТ Е ЗАГАРАНТИРАН!!!

 

Добро, тоа е добро да се чуе, нели, впрочем ова беше сигурно поради договорот од Преспа, најдобриот договор во историјата.

 

-ЈАЗИКОТ! БЕТОН!

 

Да, супер. Него... ќе влезат ли Бугарите во уставот?

 

-ЈАЗИКОТ Е БЕТОН!

 

А Бугарите? Ќе влезат во уставот?

 

-ЈАЗИКОТ. БЕТОН! КАМЕН. СЛУШАЈ ШО ТИ ЗБОРАМ!

 

Овај... добро, следно прашање, дали Бугарите ќе ни ја диктатираат историјата? Ќе се менуваат ли учебници? Што правиме со нивното минато на овој предел?

 

-ЈАЗИКОТ! КАМЕН!

 

Ахам... овај... видете, ова го кажавте сто пати. Дали може да ни кажете за овие другиве прашања?

 

-НЕМА ФУСНОТА!!! ЈАЗИКОТ Е БЕТОН!

 

Добро. Ок. Ајде, нека ви биде. Дали во Бугарија ќе се изучува дека нашиот јазик е Бугарски дијалект?

 

-КАЈ НАС ЈАЗИКОТ Е БЕТОН. КАМЕН. БЕТОН!

 

Овај... добро, а што е со Македонците во Албанија? Излегоа некои муабети дека ќе учат Бугарски?

 

-ЈАЗИКОТ Е БЕТОН, И Е КАМЕН И НЕ МОЖАМ СЕГА ДА ВИ ОБЈАСНУВАМ.

 

Ахам... ми изгледа како да избегнувате да зборите за стотиците спорни моменти од договорот и упорно се држите за една работа која веќе еднаш требаше да биде потврдена???

 

-ЈАЗИК. БЕТОН.

 

Добро. Ок. Изгледа треба да си отидеме. Пријатен ден господине Ковачевски.

 

-ЈАЗИКОТ Е КАМЕН БАТЕЦ! ЈАЗИКОТ Е ЗАГАРАНТИРАН!

 

 

Коментари


Остави коментар