logo

# Сатира

Ковачевски за Руши Сунак: Како бе вака стана премиер без никој да го гласа???

насловна слика

Се уште не стивнуваат реакциите за новиот премиер на Обединетото Кралство!

 

Нормално, зборуваме за реакциите на Англичаните, кај нас во Македонија никој не се замара со небитни земји што не се дел од ЕУ.

 

Но, ова не го спречи премиерот Димитар Ковачевски да се изјасни за Руши Сунак и фактот што овој конзервативец ќе биде нов премиер на Обединетото Кралство.

 

"Како бе вака Руши Сунак нов премиер??? Немаше избори. Никој не го гласал. Глупости. Ич не ми е јасно. Многу заостаната работа, вакви ствари само во Кина, Северна Кореа, Русија и уште пар диктаторски земји има. Да станеш премиер без никој да те гласа? Срамно и побугно за демократијата! Во 2022 вакви работи се недозволиви! Затоа и нема во скоро време да влезат во ЕУ овие Британциве, се гледа дека назад им е маката..." - изјави Ковачевски додека јадеше битолски тост.

 

Коментари


Остави коментар