Премиерот Димитар Ковачевски со уште една идеја што би требало да создаде позитивна енергија во оваа негативна планета.
Имено, тој вели дека македонската химна само создава поделби, а главна причина за тоа е "лагата дека само Македонците се борат за своите правдини."
Според него многу други нации исто така се борат за своите правдини и тој дел од химната треба да се смени.
"Не знам. Македонците се борат за своите правдини?!? А шо, као демек не се борат Бугарите за своите правдини? А Грузијците? Украинците? Шпанците? Германците? Брего Слоново Кос.. овај.. жителите на Брегот на слоновата коска??? Тие не се борат за своите правдини? Не знам, мислам можеби тој дел треба да се смени во "Бугарите се борат за своите правдини", ама да биде тој дел испеан на албански, чисто да се намалат поделбите. И еве, освен што ќе се споменат Бугарите и освен што ќе се пее тој дел на албанскиот јазик... може тој дел од песната да го пее Теа Таировиќ? Зошто да не, само Македонци ли да пеат? Што и фали на Теа? Срцка е, редовно ја глеам. Ќе видиме, мора да се среди ова и да ги прекинеме поделбите!" - изјави Димтиар Ковачевски.
Во право е. Не дека не е.