Италија ќе ја добие својата прва жена премиерка во името на Џорџа Мелони.
Оваа огромна победа за феминизмот и правата на жените сепак беше начекана на нож од страна на некои сексисти кои им смета тоа што Џорџа Мелони е блиска со своите политики до Бенито Мусолини.
Фактот што многумина ја нарекуваат "модерен фашист" го натера и нашиот премиер Димитар Ковачевски да испрати писмо до новата премиерка на Италија.
"Почитувана Џорџа.
Најпрвин сакам да ви честитам на победата! Јас сум огромен феминист и секогаш се радувам кога гледам жени на врв!
Еднаш сопругата ме фати навечер како гледам видеа со жени на врв и се налути, па пробав да и објаснам дека не сум манијак, туку само сум феминист.
За жал, не сум премногу запознаен со вашата политика, бидејќи немам премногу време да се замарам со политика.
Но, кога можам ги читам медиумите за да останам во тек со ситуациите во светот.
Гледам дека голем дел од медиумите ве нарекуваат фашистка.
Претпоставувам дека се во право, па затоа сакам да ви дадам понуда:
Земете што сакате од земјава.
Ако сакате ќе отвориме еден културен клуб во Битола одма до оној на Ванчо Михајлов?
Ако сакате, еве, ќе седнеме на преговарачка маса за тоа чиви миле Туфи и Двојче и ќе кажеме дека биле Италијанци?
Едноставно во последно време сум навлечен на преговарање со фашисти, па морав да ви пратам една порака со една ваква понуда.
Земете што сакате од нашата земја, искористете додека сакаме да преговараме со фашисти!
Се надевам дека ќе размислите и дека ќе ја прифатите оваа понуда!
Со почит, ваш Димитар Ковачевски.
П.С. Како бе вака се викате Џорџа? Па нели има во САД една Џорџа??? Па нели имаше една екс-СССР држава што се вика Џорџа??? Ептен Џорџа ќе му дојде ова, мислам дека ќе треба да си го смените името..." - се вели во писмот на Ковачевски до премиерката на Италија.