logo

# Сатира

Ковачевски: Со американската амбасадорка зборевме за тоа како да го намали странското влијание во земјава

насловна слика

Добро! Ќе ја  биде и земјава!

 

Премиерот Ковачевски делуваше поприлчно позитивно и оптимистично настроен после средбата со американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер. 


Тој вели дека се на иста страна за најголемите проблеми во земјава - корупцијата и огромното влијание на странски држави во земјава.

 

"Да, баш разговаравме за најголемите проблеми. Ми кажа дека смеам да и дадам одврзани раце за да се реши со овие проблеми, а штом ми даде дозвола за нешто вакво јас тоа и го направив. Сега, таа има целосна слобода да се реши со корупцијата во земјата, а исто така ќе проба и да се справи со странското влијание во земјава. Верувам дека ќе успее да помогне и дека кога ќе заврши со нас корпуцијата ќе биде намалено и нема на ниту еден странец да му текне да доаѓа тука и да мисли дека ние ќе му дадеме да има огромно влијание или што и да ти знам. Слушаш Путин??? Нема да ти пројде ова!!!" - изјави премиерот Ковачевски по што продолжи - "И после тоа ќе се наведнеш, ќе се насмевнеш за камерите, ќе го стуткаш ливчето и ќе дојдеш после кај мене во канцеларија, кажи и на секретарката моја дека имаш средба со Анџела Агелер од 13 часот, ќе те пушти. Еј иначе и уште ова. Последниов пасус фала богу не го чтиај пред новинарите таму, само ова у болд што е читај го, последниве реченици ти ги кажувам јас на тебе, не ги читај на глас, ок?" 

Коментари


Остави коментар