Обвинетиот бегалец Васко Ковачевски, кој како поранешен директор на ЕСМ е осомничен за проневера на над 6,5 милиони евра, утрово испрати нов демант до редакцијата на Кооперација, во кој негира дека се откажал од македонското државјанство за да си го олесни бегството и да се заштити од прогонот.
- Вистината е дека промената на името ме погоди лично и сметам дека тоа е предавство преку кое не можам да поминам. Се надевав дека новата влада ќе го врати старото име, а со тоа и ќе ми го врати достоинството, но откако видов дека од тоа нема ништо, се решив на овој чекор. Повеќе не сакам да имам ништо со вас и со вашата земја и не ме барајте! - вели Ковачевски
На крајот од демантот тој додава дека и покрај неговото разочарување и откажување ова не е крај, туку само почеток на неговата борба за враќање на името, која ќе ја води од егзил сѐ до конечната победа и неговото враќање во земјата, која според неговите планови би требало да се поклопи со рокот за застарување на делата.