Премиерот Димитар Ковачевски пред неколку минути одржа вонредна прес-конференција на која го соопшти најновиот владин план за излез од кризата и одблокирање на европските перспективи, донесен во соработка со најголемите експерти за цицање од европските фондови.
Планот предвидува пратениците да почнат со еден индивидуалец кој на попистот се декларирал како Бугарин, па со тек на време, како што ќе расте собраниското мнозинство, да се додадат и другите.
- Нема да дозволиме нешто како математика или логика да ни застане на патот кон Европа! Затоа, ако 70 пратеници не се доволни да се внесат сите 3504 Бугари од последниот попис, сигурно се доволни да се внесе најмалку 1. Па за после ќе му ја мислиме. - рече визионерот Ковачевски.
Како што изјави тој пред крајот, за да се пополни местото во Уставот, Владата ќе организира лотарија на која ќе може да се пријави секој што сака да биде запишан во историјата како: „прв Бугарин во Уставот на Нашата Земја“.
-------------------------------------------
Фото: netpress.com.mk