Премиерот Димитар Ковачевски пред само неколку минути одржа вонредна прес конференција од седиштето на министерството за транспорт и врски, каде, како што соопшти, заедно со министерот Бочварски вршеле анализи на штетата што изненадниот снег ја предизвика на автопатот Охрид-Кичево.
- Скоро 99% од автопатот беше готов, но со оглед на тоа дека снегот покри голем дел од него, повторно сме некаде на пола. Затоа, после темелни консултации со Благој Бочварски, со тешко срце морам да ви соопштам дека автопатот Охрид-Кичево нема да биде готов до нова година. - изјави Ковачевски.
Веднаш по неговото обраќање, свое излагање имаше и министерот Бочварски, кој објасни дека екипи од министерството се веќе на терен и посветено работат на откривање на скриените 49% од автопатот.