logo

# Сатира

Ковачевски: "ПОГОЛЕМА ПЛАТА ЗА ПРОФЕСОРИТЕ КОГА ЌЕ ВЛЕЗЕМЕ ВО ЕУ!"

насловна слика

Изгледа дека конечно ќе заврши спорот на Владата и наставниците!

 

Имено, премиерот Ковачевски изјави дека поголема плата заедно со уставност, легалност, правда, бесплатни здравствени услуги низ цела Европа и уште билион останати перфектни работи ќе бидат достапни кога ќе влеземе во ЕУ!


Се што треба да направат професорите за поголема плата е да  гласаат "ЗA" на следниот референдум кој ќе гласи "Дали сте за влез во ЕУ под претпоставка дека ти не постоиш, Гоце Делчев е Бугарин од УЧК што се  борел за независно Косово и под официјално име "Република Тука Одма До Бугарија Што Збори Бугарски"?"

 

Ковачевски вели дека уште еден референдум ќе донесе стабилност и супер услови за живот.

 

"Супер! Се решија проблемите! Се враќаме на работа!  Едвај чекам да  гласам за СДСМ на следните избори!" - изјави еден од наставниците на протестот, додека еден друг присутен изјави "Јес! АЈде да им го тутнеме Гоце Седлоски, Перо Гошев, Тоше Проески и мајка ти на Бугарија па да си лапам пари. Ајмоооо!"

 

Браво, се се' сака кога се може!

 

 

Коментари

iEmr8WJCo4dcU0kSb93uASPa1wIBl87A4ZFXLRaL

ТОЛКУ УБАВО Е НАПИШАНО, ШО МИ Е ЖАЛ И ДА ДОДАДАМ НЕШО


Остави коментар