logo

# Сатира

Ковачевски: Нашите дела застаруваат најбрзо во регионот и затоа треба први да влеземе во ЕУ

насловна слика

Истиот ден кога ја самопрогласи државата со која владее за најдобра држава во целиот регион, премиерот Димитар Ковачевски се досети на уште еден огромен успех, изгласан со европско знаменце, со кој кривичните дела поранешните, сегашните и идните функционери застаруваат најбрзо во светот, што според Ковачевски би требало ширум да ни ги отвори портите на ЕУ.

 

- Кажете ми една држава во светот каде делата на политичарите застаруваат побрзо од тука?! Не можете затоа што не постои таква држава. Секаде лежат по затвори со децении и живеат на трошок на државата. Затоа ние, наместо да ги издржуваме, после неколку месеци ги бркаме надвор од затвор и ги оставаме сами да се снаоѓаат. Ако ова не е причина први да влеземе во ЕУ, не знам што е. - рече Ковачевски.

 

На крајот на своето обраќање тој истакна дека Нашата Земја е единствената во светот која сѐ уште ги почитува основните човекови и функционерски права, како што е правото на криминал и корупција без последици и без долги затворски казни.

Коментари

0xnzqQl6DGxkZyhLstNrPy02kcd6oHcla0LZUUFw

се надеваме дека он и неговата екипа се изземени од овој проевропски закон( кај можат да се снајдат во ваков ред и дисциплина, боље да си полежат у поправни институции, па макар и на наш трошок)…. чисто како препорака


Остави коментар