logo

# Сатира

Ковачевски: На средбата со Бајден разговаравме за Нашата Земја, НАТО, судството, цената на лубениците, економијата, реформите, Бугарија, Рамиз Мерко, Косово, евроинтеграциите, фотоволтаиците, здравството, војната во Украина...

насловна слика

Премиерот Димитар Ковачевски, кој веќе неколку дена се наоѓа на НАТО Самитот во Вилнус, ексклузивно за Кооперација ги открива темите што ги отвориле со американскиот претседател, Џо Бајден, на нивната вчерашна средба. 

 

- Знаете како викаат: „Една слика, илјада зборови“. Толку отприлика изговоривме јас и Џо додека фотографот се спремаше да фотне. Тој најмногу се интересираше за цената на лубениците кај нас, а јас ги отворив другите теми. Се' на се' повеќе од плодна средба. - изјави Таче Ковачевски.

 

Тој ни даде ветување дека ќе ја продолжи комуникацијата со нас по враќањето од Самитот и ќе ни ги раскаже разговорите од сите негови фотографии со светските лидери, кои ќе ги објавиме во специјален фељтон, со име: Една слика, илјада зборови. 

Коментари


Остави коментар