logo

# Сатира

Ковачевски: Мојот став за францускиот предлог ќе го споделам тогаш кога Али ќе ми каже кој е тој

насловна слика

Лажната вест што ја раширија сомнителни портали, според кои највисоките владини функционери сѐ уште немаат оформен став околу францускиот предлог за одблокирање на европската перспектива на земјава, денес ја демантираше лично премиерот Ковачевски, кој јасно и гласно соопшти дека секој што сака да го знае неговиот став околу тоа прашање, може слободно да го добие од господинот Али Ахмети.

 

- Знаете како, прогресот бара целосна еднаквост и ние како Влада функционираме врз тие принципи. Тоа значи дека во коалицијата не постојат големи и мали партии, туку сите се исти и заедно работат за да го остварат тоа што ќе ни го наложи господаро...се извинувам... господинот Ахмети. Така ќе биде и овој пат, и следниот пат и сѐ додека трае мандатот на оваа Влада. Па ако ве интересира мојот став, еве ви го бројот на Али, прашајте го слободно. - изјави Ковачевски.

 

Неговата понуда беше прифатена од повеќето новинари кои беа присутни на пресот, но за жал во тој момент премиерот остана без батерија на телефонот, па примопредавањето на бројот се одложи за подобри времиња, со пополна батерија.

Коментари


Остави коментар