Реакциите на јавноста на цените во менито од владиниот ресторан го предизвика првиот човек на Владата, Димитар Ковачевски, кој по се' изгледа е и прв готвач во владината кујна, жестоко да возврати на критиките и прозивките и еднаш засекогаш да им објасни на граѓаните која е причината што јадењата им изгледаат ефтино.
- Јасно како ден е дека откако Владата ги замрзна цените, реалната вредност на храната е таа. Но по се' изгледа нашите граѓани не се разбираат многу-многу во готвење и користат вишок состојки, што води до поголеми трошоци. Научете ги рецептите како што треба, па после бунете се! - изјави премиерот и главен владин готвач, Ковачевски.
Тој се извини што во моментов нема време да им објасни на граѓаните како точно треба да готват за да имаат помали трошоци затоа што е зафатен со расчистување на европскиот пат, но веднаш штом ќе го заврши овој проект, сите негови интервјуа ќе вклучуваат и сегмент со готвење, во кој ќе ги запознае со малите тајни на големите мајстори.