Војната во Украина, која предизвика прекин во една од најразвиените индустрии на украинската економија - производството на учебници и вежбанки за средно и основно образование, е главниот виновник што дел од учениците ќе ја почнат новата учебна година без учебници, објасни денес премиерот Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање за доцнењето на учебниците.
- Учебниците се печатат на посебна хартија што ја има само во Украина и откако почна војната, невозможно е да се набави. Освен ова, авторите што пишуваат учебници во најголем дел се Украинци, боите, фонтот и печатниците што се користат за тие да се испечатат се исто така украински, што значи многу фактори не зависат од нас. - објасни г-нот Ковачевски.
Запрашан, дали власта презема нешто за да го реши овој проблем, тој објасни дека побарал од колегата Османи максимално да го зајакне лобирањето за мир помеѓу завојуваните страни, што само по себе му влева огромна надеж дека конфликтот наскоро ќе биде решен.