Првиот човек на Владата, Димитар Ковачевски, вечерва за медиумите ја коментираше одлуката на неговиот шеф, Али Ахмети, свечено да отвори музеј на УЧК во селото Сопот, во чиј склоп е поставена спомен-плоча со мапа на Голема Албанија и објасни зошто во неа нема ништо националистичко.
- Да беше мапата распространета на некоја поголема површина, од неколку километри квадратни, ајде и да речеме дека е националистичка. Ама за мапиче од метар и пол - на пола метар, кое едвај се гледа, стварно нема потреба да креваме тензии. – рече Ковачевски.
Веднаш откако го презентираше својот цврст став, премиерот за секој случај испрати јавно извинување до Грција затоа што во мапата влегува и дел од нејзината територија, иако верува дека за тоа нема потреба, затоа што, како што повтори уште еднаш за македонската јавност „во мапата нема ништо националистичко“.