logo

# Сатира

Ковачевски: Ќе преговараме со Радев за тоа кој победи во фудбалскиот натпревар!

насловна слика

Вчера заврши фудбалскиот натпревар помеѓу нашата, и фудбалската репрезентација што сега за сега не е наша.

 

Можеби резултатот беше нерешен, но тоа нема да ги спречи Димитар Ковачевски и Румен Радев да седнат на заедничка маса и да решат кој навистина победил.

 

"Доаѓам вчера капнат од работа и жената ми вика дека меѓу Македонија и Бугарија било нерешено! И одма се разочарав. Откако ја поправив дека треба да каже Северна, таа се поправи и повторно ми кажа дека било нерешено. И се нанервирав! ДО КОГА НЕМА ДА БИДЕ РЕШЕНО? АЈДЕ ЕДНАШ ДА ГО РЕШИМЕ! ЕДНАШ И ЗАСЕКОГАШ ДА ГО РЕШИМЕ! Потоа сопругата ми кажа дека зборела за фудбал, ама доцна беше. Јас веќе му се јавив на Румен Радев и му реков дека е време да решиме. Ќе решиме!" - изјави Ковачевски.

 

Од канцеларијата на Румен Радев рекоа дека се спремни за преговори. Првично, Бугарија бара победа од 3-2, со три автоголови на нашите репрезентативци. Така, двете земји ќе бидат задоволни. Нашите, поради тоа што дале пет погодоци, а Бугарите пореди тоа што победиле.

 

Ова решение е прифатено од страна на ЕУ, и набрзо се очекува да се потпише официјалниот договор, освен ако Ковачевски нема друг предлог.

 

 

Коментари


Остави коментар