Нов ден, нова примамлива шанса за сите иселеници кои имаат пасоши од земјите членки на ЕУ, САД или Австраллија, уште еднаш да ја преиспитаат својата избрзана одлука и да се вратат кон своите корени.
Во прашање е визијата на премиерот Димитар Ковачевски – Таче, кој од своите претпоставени, Али Ахмети и Артан Груби, денес на вонредна владина седница побара и доби дозвола да ги раздаде првите 100 автомобили што ќе излезат од фабриката во Тетово, на оние иселеници кои ќе ги исполнат бараните услови.
Како што дознаваме одлуката на шефовите на Таче предизвикала голем интерес кај нашите гастарбајтери, кои според нашиот извор, масовно ги враќаат европските, американските и австралиските пасоши и се упатуваат кон земјава, само да станат првите Македонци со електричен автомобил од домашно производство.
Нека се множат!