Никогаш доста од заедничко славење!
Нашата земја и Бугарија заедно ќе го слават роденденот на Викторија Лоба!
Ова денеска го решија Румен Радев и Димитар Ковачевски на заеднички состанок.
"Гоце Делчев е Бугарин. Викторија Лоба е Бугарка. То ест, не е се уште, ама ќе ја договориме и неа заедно со Самоил, сега кога го решивме Гоце е лесно. Арно ама... и покрај тоа што Лоба не е родена во Македонија вие ја сметате за ваша? Па уште и Македонија ја преставувала на Јуниорска Евровизија? Е не може така другари. Заедно ќе си ја славиме! Илинден, 8 септември, Гоце Делчев и роденденот на Викторија Лоба. Ова се само дел од работите што заедно ќе ги славиме. Очекуваме да се зголеми оваа листа во иднина!" - изјави Румен Радев.
Од друга страна пак, премиерот Ковачевски не изјави ништо.
"Одлично!!! Нови казни за Руси? Браво! Русија мора да плати!" - изјави Славјанка Петровска кога ја известивме за заедничкото славење на роденденот на Лоба.