Премиерот на Нашата Земја, Димитар Ковачевски, денес ги поздрави најавите за враќање на бившиот премиер Никола Груевски во земјава и објасни дека тоа е резултат на добрите економски политики на владата, која според него направила сѐ што е во нејзина моќ за да обезбеди услови за враќање на што повеќе иселеници.
- Убаво е да се слушне кога некој со толку многу дела зад себе решил да се врати од печалба. А тоа значи дека земјава е на добар пат. Тој како искусен економист процени дека се движиме во добра насока, плати растат, се отвораат нови работни места, дела застаруваат и реши да го искористи тоа. Сигурен сум дека тоа ќе инспирира и други да го следат неговиот пример и да си се вратат дома. - рече Ковачевски.
Тој вети дека и понатаму ќе продолжи посветено да работи на менување на сите потребни закони со цел да им овозможи на иселениците да се вратат во земјава како слободни граѓани и да уживаат во она што го спечалиле додека биле на функција, без никакви проблеми.