Продолжуваат преговорите на нашата земја со земја што не е наша.
Се уште Бугарија и оваа другава земја не дошле до заеднички одговор за голем дел од историските проблеми, а изгледа дека проблемот е настанат кај дебатата за тоа дали Гоце Делчев треба да е дел од нашата историја.
Премиерот Ковачевски е оптимист дека проблемот ќе се реши до крајот на месецов и според него оваа дебата никогаш и не требало да стане пресериозна.
"Не знам зошто преговараме со години за Гоце Делчев? Зошто да не им го дадеме на Бугарите? Па тој бил рамноземјаш, бе луѓе! Светот ко разбирал како поле! ПОЛЕ! СВЕТОТ ГО РАЗБИРАЛ КАКО ПОЛЕ! А бе светот е топка, таква округла за баскет. Само фаци ко Миленко Неделковски веруваат дека светот е рамен како поле, секој нормален човек знае дека светот не е поле! Не знам зошто би си ја валкале историјата со некој таков заостанат лик што мислел дека светот е рамен. Очигледно е дека не го разбирал ептен светот..." - изјави Ковачевски.
Се надеваме дека ќе успееме да им го подметнеме овој заостант, рамноземјашки, националистички лик на Бугарите... ама тешко дека би го прифатиле, сепак земја од ЕУ се, не се идиоти...
Ќе бидат ова тешки дискусии за тоа која земја ќе успее да се отараси од овој рамноземјаш националист.