logo

# Сатира

Ковачевски: Еве, Британија ја смени химната, зошто да не и ние???

насловна слика

Премиерот на Нашата Земја со фер забелешка за моменталната ситуација во Велика Британија односно Обединетото Кралство односно Англија.

 

Тој вели дека во моментов ништо не се случило лошо во земјата откако ја сменија химната од "God Save The Queen" во "God Save The King".

 

"А зашто бе на луѓево им смета мењане на химна? Еве, Англичани, паметни луѓе, ЕУ-ориентирани, ја сменија химната. Од "God Save The Queen" во "God Save The King". И што им фали сега? Ништо!!! Затоа не знам зошто на луѓе им смета ако еве... шо знам, хипотетички зборам, ако смениме од "Денес Над Македонија Се Раѓа" во "Денес Над Голема Албанија Се Раѓа"??? Ништо нема да се смени, само збор-два ќе се сменат, исто како и овие Енглезиве... нив ништо не им фали, еве, на пат кон ЕУ се. И тие како нас, не се дел од ЕУ, сигурно ќе влезат кај и да е, еве сменија химна, уште име да сменат... и ќе биде. Не знам зошто на луѓе во земјава им смета тоа да смениме химна, ако е добро за тие таму Енглезите, зашто да не е и за нас бе брат???" - изјави Димитар Ковачевски уз кафица со едно наше новинарче.

 

Коментари


Остави коментар