Видно погоден од последните критики за тајноста на договорот со Бехтел и Енка, премиерот Димитар Ковачевски денес ја стави на пауза својата главна функција – следење на вредноста на макароните и нивна набавка по најоптимална цена, за да се обрати до јавноста и искрено да објасни зошто договорот со Бехтел и Енка е таен.
- Мене ми е јасно дека не сите учеле висока политика како мене, ама еве најпросто да ви објаснам: како ќе ѝ е на една Германија, Франција, Италија...кога ќе го видат договорот, а граделе со истата фирма и платиле 4-5-6 пати повеќе? Како ќе гледаат тие на нас? Како ќе ги погледнеме во очи? – рече Ковачевски.
Во обид да ја потврдиме неговата изјава, нашата редакција ја контактираше компанијата Бехтел и Енка и побара одговор на прашањето дали нашиот договор е поповолен отколку на другите поголеми земји, но се’ што слушнавме од другата страна беше громогласно смеење.