Дали Ковачевски најде решение за двете најголеми проблеми на земјава во моментов?
Имено, како што разбира нашата редакција, премиерот на Република Македонија предложил до Румен Радев решение кое би требало да го среди конфликтот на државава со Бугарија, а во исто време би требало и да е разумен компромис за војната меѓу Украина и Русија.
"Едноставно е решението. Пишуваме дека ние сме ја бомбардирале Украина. Така, светот нема да се замара со Бугарија и нивниот фашизам во втората светска војна туку со нашиот фашизам во третата светска војна. Воедно, Украина ќе има смирена ситуација со нивниот соед Русија, бидејќи официјалните учебници ќе велат дека Македонија е агресорот. Логично, ова ќе им олесни и на Русите, кои нема да имаат санкции бидејќи нели... тие не се криви, ние сме! Е сега, малце ќе биде зезнато што вака сите санкции ќе легнат врз нас... ама битно со решен проблем со Бугарија и Грција ќе бидеме чекор поблиску до ЕУ. Мислам дека ова е најдобро решение за сите и верувам дека Румен Радев ќе се сложи со мене." - изјави премиерот.