Шпекулациите што ги предизвика делумното (не)објавување на новиот француски предлог за одблокирање на европскиот пат на земјава, ги смири лично премиерот Ковачевски, кој излезе на прес конференција за да ги објасни суштинските разлики помеѓу стариот и новиот предлог.
- Знаете како... Пред неколку дена ни беше доставен предлог кој беше напишан со Comic Sans фонт, што за нас беше апсолутно неприфатливо! Остро реагиравме на тоа, а нашите француски и бугарски пријатели, кротки и мили какви што ги дал Господ, ги зедоа во предвид сите наши барања и подготвија нов предлог, напишан во Arial. Што повеќе можеме да посакаме? - рече премиерот.
Неговото обраќање веднаш ги смири тензиите и ги расчисти недоумиците околу францускиот предлог па народот масовно излезе на улиците за да ја прослави оваа голема победа на Владата, која по примерот на херојот од нашата прогресивна митологија, молерот Крсто Мукоски, ни ги отвори вратите и ни го покажа патот кон ЕУ.