logo

# Сатира

КОВАЧЕВСКИ ДЕМАНТИРА: Не сум во бегство туку работам на мојата нова збирка поезија на тајна локација

насловна слика

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој денес беше осомничен за организирање на злосторничко здружение за злоупотреба на јавен повик за набавка на адитиви, со што е нанесена штета од 6,5 милиони евра, испрати демант до редакцијата на Кооперација во кој тврди дека не е во бегство туку е во самоизолација, каде ја привршува својата најнова збирка со поезија.

 

"Веќе 2 месеци се наоѓам на тајна локација, каде заедно со мојата муза работам на мојата нова поетска збирка со работен наслов "33 песни за ЗЗ" и ја користам оваа прилика за да ѝ соопштам на јавноста дека ова е обична завист и љубомора кон мојот вонсериски, пишувачки талент и срамен обид да се прекине мојата поетска кариера, во време кога станува светски познат и признат поет." - стои во демантот на Ковачевски.

 

За крај тој најави беспоштедна борба против сите кои сакаат да го извалкаат неговото име и да ги минимизираат неговите резултати и им порача на органите на прогонот да не трошат средства на негово лоцирање, затоа што сам ќе се пријави штом ја заврши збирката, која според неговите првични проценки, ќе биде готова до 2054-та година.

Коментари


Остави коментар