logo

# Сатира

Ковачевски: Бугарските фашисти не повредуваат никого!

насловна слика

Време беше некој да се изјасни против лажните вести кои се шират низ земјава.

 

Премиерот Ковачевски јавно, гласно, јасно и недвосмислено изјави дека Бугарските фашисти не повредуваат никого и дека нема потреба за таква Бугарскифашистифобија низ земјава.

 

"Гледам многу луѓе на интернет пишуваат за Бугарските фашисти и дека се лоши. А не правеле муабет со ниту еден фашист од Бугарија! Ниту еден! Па малку е лошо да шириш негативна енергија за заедница што ја немаш запознаено, зарем не? Еве, јас ви гарантирам дека Бугарските фашисти не повредуваат никого." - изјави Ковачевски по што продолжи - "Е добро сеа... пред 80 години... можеби и повредувале некого. Можеби. Не знам, не сум бил роден. Ама роден сум сега. И во 2022 гледам дека ниту еден Бугарски фашист нема повредено жител на земјава! Затоа - доста е омраза! Не се ова четириесетите години од минатиот век. Сепак сме 2022, и во оваа година ниту еден Бугарски фашист нема повредено Македонец. Ова е факт! Се друго е фејк њуз!"

 

 

Коментари

f27UpcHMz9pmSlCn019UBvfCxjRwlts6D2zElFrC

А негирањето на нашите чувства што векови опстојуваа? Дали само ако има крв е повреда? Ставањето ограда на нашиот пат само за нас е голема повреда на меѓународното и човековото право. А ако некој не му сметаа Бугарските фашисти нека си ги негува и милува приватно а не во наше име.


Остави коментар