Изгледа дека нашиот премиер одбра страна во најголемиот конфликт на денешницата!
Димитар Ковачевски го пофали потегот на Владимир Путин и кажа дека такви потези можат да направат само вистински лидери, државници, номинирани за Нобелова награда за мир, но пред се таков потег може да направи само вистински човек во секоја смисла на зборот.
"Не смееме да дозволуваме некои заостанати концепти на суверенитет, граници, устав или правда да не спречи во проширување на нашите добри односи со соседите. А ако Украина не сака да го прифати потегот на Путин, тогаш тоа е нивен проблем. Јас да бев премиер на Украина уште од многу одамна ќе преговарав со Русија за смена на уставот и правење на се што тие ќе побараат. Браво Путин, знаеш дека вистински потег е да се меша во политиката на твојата соседна држава. На прст се бројат вакви државници како тебе. Ти, Ципрас, Радев... и преку сила уште еден-двајца. Тие сте. БРАВО! НАКЛОН ДО ЗЕМЈА ВЛАДИМИРЕ!" - е ставот на Ковачевски за конфликтот меѓу Украина и Русија.