Премиерот на државата продолжува да бара поддршка од граѓаните во санкциите кои земјава планира да ги упати кон Русија.
Како казна за нападите на Русија врз Украина, премиерот Ковачевски бара од сите граѓани на Македонија да престанат да гледаат порно видеа во кои има Русинки.
"Сериозна е работата. Санкциите мора да ја отсликуваат реалната ситуација. Народот на Русија мора да почувствува болка поради се ова што се случува Затоа, ги замолувам сите граѓани на Република, овај, на нашата земја да се придружат во санкциите кои ги упатуваме кон Русија. Барам секој еден граѓанин да престане со гледање на видеа со Русинки. Има милион жени од Азија, Америка, Европа, а да не зборам за тоа какви облини имаат тие од Јужна Америка. Срамота е во време на војна да гледате Русинки. Ако се прашувате како ќе ги откриете - лесно е. Ќе гледате дали имаат отпечаток од вакцина. Сите екс-југословенски и екс-СССР земји користеа исти вакцини што до ден денеска се познаваат. Ве молам помогнете. Кој колку може." - се вели во објавата на Ковачевски кон народот.