Премиерот Димитар Ковачевски уште еднаш ги отфрли неоснованите теории на заговор дека и се спрема федерализација на Република Македонија.
"Не. Нема федерализација на Република Македонија. Пошто таква земја не постои. А Република Северна Македонија? Ни таму. Ваљда." - одговори премиерот на новинарско прашање и објасни:
"Видете. Доста ве плашат со таа федерализација. Дваесетина години ве плашат. Нели до сега ќе се случеше? Нема шанса да се случи федерелизација на земјава. Ама еве.. и да речеме дека ќе има. Зошто да нема бе? Можеби е добро тоа? Била федерализирана независна Северна Македонија до сега? Не била. Еве, сега за сега во лоша состојба е државава. Па еве, од кај да знаеме, можеби федерализација му е мајката? Ајде, да пробаме, можеби ќе успее, можеби не? Додека не пробаш не можеш да знаеш. Лесно е само да се жалиш на интернет. Се додека не пробаш... нема да знаеш. Мора да пробаме со се. Можеби баш федерализација ќе донесе среќа и задоволство! Од кај да знаеме?!?!?"
Говорот на премиерот заврши со уште едно потврдување дека нема да има федерализација ама "еве бе, и да има, шо ти мења тебе? Па немање на федерализација да не ќе ти ги нахрани децата?!?"
Екипата на Кооперација се сложува со ова мислење.
Дури и малку жал ни е што премиерот вели дека нема да има федерализација. Па ајде да пробаме да му ебам мамата, можда тоа му е мајката, шо?!?!