Во нов обид да се добие 632634421 датум за членство во унијата што ти го прави животот добар, пенисот поголем, а животниот стандард перфектен - Зоран Заев најавува дека ќе воведе нов закон што ќе важи на цела територија на нашата земја освен тие што имаат членски карти од ДУИ.
"Ќе мора секој еден маж, жена и дете да се ишиша ќелав. Секој до еден. Ова е генијална идеја и се надеваме дека ова ќе ни донесе 632634421 датум за членство во унијата. Нели, јас пред пар дена во авион добив прекрасна вест за 632634420 датум, ама зошто да престанеме тука кога може и да добиеме и 632634421 датум за влез во унијата што автоматски го прави секој жител на неа Бог. Затоа, ние веруваме дека мора да пробаме со се. Закон што ќе бара од сите жители да станат ќелави е нешто што сметаме дека ќе ни донесе посакуван резултат!" - вели Заев.
"A SHO BE? OD KOSATA DA NE SI VIDEL KJAR??? KOSATA DA NE KE TI GI NAHRANI DECATA??? KE TI DOJDAT DVAJCA BATKI DOMA, KE TE ISHISHAAT NA SILA I KE VLEZEME U EU POSLE I LAPAJ SI 500 EVRA PLATA BE BATEC!" - вели неутрален симпатизер и член на СДСМ на социјалната мрежа Твитер.
"Ова е одличен потег. Северна Македонија отсекогаш се залагала за ЕУ вредностите и насилно шишање на два милиони жители е типичен ЕУ потег. Веруваме дека ова ќе помогне на државата да влезе во ЕУ! Само вака треба!!!" - изјави Џо Бајден.
"Ја неам мислење" - изјави Али Ахмети, а со ист став беше и Христијан Мицкоски кој кажа:
"А бе... не знам. Можда е ок? Можда не е? Можда и ја прв ќе се избричам...не знам, ќе видиме. Вреди да се проба со се, глупо е да се одбива секоја шанса што ја добиваме сепак..."