logo

# Сатира

Коњот Дончо го напушти „Некст Тајм“

насловна слика
Утринава шокантна вест ги вознемири фановите на „Некст Тајм“. По кратка расправија помеѓу членовите на бендот, коњот Дончо револтирано го напуштил бендот. Причината за кавгата, како што изјави коњот, е тоа што му било ветено дека ќе стане фронтмен на бендот, но ветувањето не му било исполнето. Ова обвинување го демнатираа браќата Стефан и Мартин, кои едногласно изјавија дека „коњ не може да биде фронтмен, туку само фронтхорс“. Останува да видиме како оваа загуба ќе влијае на иднината на бендот.

Коментари


Остави коментар