Пријатно изненадување за сите присутни на Илинденската прослава во Крушево, предизвикаа коњаниците од ДУИ, кои пристигнаа на Мечкин Камен со електрични коњи, произведени специјално за овој повод во тетовската фабрика за електрични автомобили.
Воодушевени од овој неверојатен гест, крушевчани срдечно ги поздравија електричните јавачи од Мала Речица, кои пред нив ги промовираа најновите коњски модели од капиталната инвестиција што ја отвори нивниот вицепремиер.
Маршот го предводеше нивниот главен јавач, господинот Ахмети, заедно со уште неколку високи функционери од нашата најзелена партија.