Познатиот ентузијаст за планинарење и сликање на селфи фотографии - Христијан Мицкоски конечно се изјасни и официјално го објави својот став за вакцините, пандемијата, вирусот и се останато!
Имено, Мицкоски, во соопштение за јавнсота јасно, недвосмилсено и одлучно кажа на која страна од аргументите тој навистина припаѓа и конечно им соопшти на неговите симпатизери дали да се вакцинират, дали да не се вакцинираат, дали постои вирус, дали не постои вирус, дали земјата е рамна и дали луѓе-рептили ја контролираат земјата.
Со ова, тој конечно докажа дека е човек со став кој секогаш оди напред без разлика на тоа дали има некој симпатизер што го смета спротивното или не.
Браво Мицкоски!
Забелешка: Оваа вест е сатирична и Христијан Мицкоски се уште официјално нема никаков став за вакцината.