Не сме сигурни дали масовните протести на Шарената Револуција ќе бидат прекинати после оваа вест, но изгледа дека конечно дојде правда.
Дали ќе продолжи да нема мир иако дојде правда? Останува да видиме во следните неколку денови.
Правдата можеби доцни неколку недели но сепак, таа е тука!!!
Многу луѓе бараа одговорнсот, моралност и правда во случајост со загинатите во болницата во Тетово.
И еве, само две недели после случајот - НЕКОЈ ЌЕ ЛЕЖИ ВО ЗАТВОР ЗА ОВОЈ СЛУЧАЈ!!!
Имено, 55 годишниот К.С. од Тетово пред десет денови на својот фејсбук профил напишал "Шо знам? Овој Венко треба оставка да даде? Шо знам... одговорност? Нешто?", а денеска судот му одреди казна затвор од 15 години поради овој негативен статус.
Овој фејсбук статус е типичен доказ за говорот на омраза што владее низ интернет просторот овие денови, а овој статус сериозно го оштетило психичкото здравје на Венко Филипче кој дури 2 минути бил разочаран после читање на овој статус.
"Многу ме повреди. И јас имам емоции. Ваков говор на омраза не смее да биде неказнет. Мило ми е што конечно некој ќе оди во затвор за случајот со тетовската болница. Нема многу да ме утеши ова, но за момент и ова е ок. Сепак, раните на моето срце не се лечат туку така. Се надевам дека додека ќе биде во затвор ќе размислува на долго и широко за ова што го направи!" - изјави Венко Филипче за осуденикот.
Се надеваме дека ќе продолжиме со позитивни вести од областа на правдата и во иднина.
ЗАБЕЛЕШКА:
Авторот на текстот се извинува. Штотуку му кажаа дека воопшто немало протести на Шарената Револуција после случајот во Тетово. Претпоставуваме дека се зафатени со барање правда за Тамара.