Нов пресврт во преговорите на нашата земја со Република Бугарија!
Имено, комисијата за историско утврдување дојде до заклучок дека постоењето на Гоце Делчев не е историски факт!
Според нив, нема доволно докази за да се верува во постоењето на Гоце Делчев.
"А од кај да знам дека Гоце Делчев постоел бе? Си го видел ти у живо??? Си го видел? Си видел некој што го видел него во живо? Си видел некој што видел некој што го видел него во живо?!?! Еве, ја на филмови сум го видел и Хари Потер, па не знае дека постои тој. Еве, ја сум атеист, некои таму викаат Исус Христос дека постоел , ама јас знам дека не постоел. Сите слики од Гоце Делчев се некои таму цртежи или шо ти знам. Не знам, според мене глупо е да дебатираме чив бил некој лик... што не ни знаеме дали постоел. Можно е да не постоел. Не знаеме. Ти не си го видел, ја не сум го видел. На светов има билиони луѓе. Ниту еден го нема видено или има видено некој што го нема видено. И тебе тоа не ти е малку чудно?!?! Не постоел највероајтно, не знам и зошто дебатираме за овој лик..." - изјави еден член на комисијата за историски утврдување.
Што и да решат, веруавме дека ќе утврдат. Утврдувањето е битно. Само да е тврдо. Друго не е битно.