logo

# Сатира

Комисијата со нов договор: Автопатот Охрид-Кичево има и бугарски корени оти го почнал Цар Самоил

насловна слика

Мешовитата комисија за историски прашања, која денес ги презентираше препораките за заедничко чествување на 5 историски личности - браќата Кирил и Методиј, светите Климент и Наум и цар Самоил, по инерција продолжи да наоѓа заеднички јазик и за градби од македонско-бугарската историја, па така од денес автопатот Охрид – Кичево ќе биде и наш, и бугарски.

 

- Постигнавме договор за уште една точка од заедничката историја, а тоа е автопатот Охрид-Кичево. Според историските факти со кои располагаме неговата изградба е започната уште од цар Самоил, а тоа што трае и ден денес, само ги спојува двата народи. А и да бидеме реални, после толку години слободно можеме да кажеме дека изградбата на автопатот се избугари, па не е фер да им го негираме правото да го чувствуваат како свој. – рекоа од комисијата.

 

Како што дознаваме, добрата атмосфера и лесното разбирање помеѓу македонските и бугарските историчари ги мотивирало да продолжат со преговорите до доцна во ноќта, па големи се шансите да се разбудиме со уште повеќе заеднички причини за славење.

Коментари

TPKwqh1Funm39lNDXAOgTiQ4hV1YqdhqVyPhkMIk

Stoke

MsfuR5pMDhrikEhWW3Bs1hyX1hyCkfRz12TngRIN

e vo KOMISIJATA?IMAAT li MOZOK?Sem Makedonci nema pravo nikoj drug

MsfuR5pMDhrikEhWW3Bs1hyX1hyCkfRz12TngRIN

e vo KOMISIJATA?IMAAT li MOZOK?Sem Makedonci nema pravo nikoj drug

WKYmgQs0Y9kqbaxmTYP2qwlj7YRIXQDL5ayets6s

Никој таму нема мозок не се ни историчари


Остави коментар