logo

# Сатира

Комисијата предложи: Ќе се прави кастинг за гости на Митровден

насловна слика

После забраната за повеќе од четири гости дома, Комисијата за заразни болести предложи граѓаните кои ја чествуваат куќната слава Митровден, да организираат кастинг како би ги избрале гостите кои би присуствувале на славата. На кастингот ќе може да се пријават само роднини и долгогодишни семејни пријатели. Строго се забранува на кастингот да присуствуваат непознати посетители, кои многу често, благодарение на познанство со некој од легитимните гости се шлепаат по куќните слави. На кастингот, пријавените кандидати ќе се натпреваруваат во неколку точки:

  • Пиење ракија со зелка салата и дебатирање на тема: Коронавирусот не постои.
  • Јадење кифлички, печено свинско месо, еклери... и дебатирање на тема: Како да го вратиме името Република Македонија?
  • Пиење ракија, вино, пиво... и во интервали од три минути повторување на репликата: „Домаќине, поседовме што поседовме... да си одиме. На работа сте утре, да поспиете малце...“, притоа без да станете од масата.

Пријавените гости на кастингот ќе мора да приложат доказ за роднинска поврзаност или пак фотографии со кои ќе се докаже долгогодишно семејно пријателство со домаќините. За победниците ќе одлучува трочлено жири составено од двајца членови од Комисијата за заразни болести и еден член од семејството кое претендира да организира куќна слава.

Коментари


Остави коментар