Еден ден откако беше објавено дека Сашо Мијалков ќе биде пуштен од затвор откако понудил 11.000.000 евра како гаранција, многу очекувано се појави и протест пред владата!
Имено, еден човек, седи пред владата и вели дека бара правда! "НЕМА ДА ВИ ПРОЈДЕ!" и "ЌЕ СИ ЛЕЖИТЕ!" се само дел од извиците на овој господин кој осамено се бори против правдата.
Сепак, само неколку часови откако започна овој протесот, работите завршија крајно негативно по здравјето на човекот, кој заврши во болница.
Повеќе за се ова ви презентираме во форма на директен цитат од господинот протестирач:
"Многу лоша судбина ме снајде. Се започна кога беше "Шарената Револуција". Штрајкував секој ден. Еднаш, ме фатија неколку цајкани и ме претепаа. Ме тепаа толку јако што паднав во кома. И тоа долга кома. Повеќе години бев во кома. Одеднаш, како право чудо... СЕ РАЗБУДИВ! Не знам како ме третираа лекарите ама конечно ми помогнаа! Се разбудив пред пар денови. Ми беше тешко да знам што се случува првите денови. Само знаев дека во овие пар години сум утнал смена на власт и пласман на Европско првенство во фудбал. Убави вести. Паднал режим и добро играме фудбал. Што повеќе да се побара? Арно ама... дознав дека го пуштиле Мијалков на слобода. И одма сфатив дека е време за враќање на улица со моите пријатели од Шарената Револуција. Исто како тогаш. Револуцијта започна кога претседателот ослободи затвореници. Си реков дека ова е добра прилика да се вратам во реалноста откако се разбудив од кома. Им ѕвонев на неколку пријатели што беа со мене на улица. Не ми кренаа, ама претпоставив дека тоа е поради тоа што тие веќе се на улица. Се знае, штрајкувавме дека нема да има мир секогаш кога нема да има правда, без разлика кој е на власт. Тоа беше пораката, немаше ништо друго политичко. И... отидов. Пред влада. Штрајкував. Немаше никој околу мене. Сам бев. Си помислив дека со тек на време ќе дојдат луѓето. И штрајкував пар саати... кога одеднаш решив дека е време да фрлам со боја по владата.... но!!! Во тој момент излезе еден мој пријател од Шарената Револуција. А потоа и уште еден. И уште еден! Знаев дека моите пријатели нема да ме остават сам. Но... мојата насмевка веднаш го напушти лицето. Сфатив дека моите поранешни пријатели и ко-револуционери... не се тука да ми помогнат. "Ало шупак што праиш бе??" - ми викна еден, а друг ми викна "Морон еден ти ли ќе фарбаш влада бе??? Па така ли праат у Европа бе???" пред да ми мавне шамар. Трет ми збореше дека ослободувањето на Мијалков е нешто одлично и нешто што треба да се прослави. И тој ми мавна шамар. Тие тројца почнаа да ме маваат и удираат. Никој не ги запре. Завршив со внатрешно крварење. И еве, сега сум на болница. Тоа е."
Екипата на Кооперација му посакува брзо опоравување на господинот.