logo

# Сатира

КОЧАНЧАНЕЦ: Ми кажаа дека вака ќе беше и со ВМРО и одма ми олесна!!!

насловна слика

Конечно дојде помош за жителите на Кочани! Таа помош дојде во форма на разговор со еден член на СДСМ, а кочанчани делуваа поприлично среќни и задоволни после разговорот.

 

"Полесно ми е. Ми кажаа дека исто срање ќе беше и ако ВМРО беше на власт. Дека ни авиони ни хеликоптери немало да ни помогат ако Мицкоски бил на власт. Дека пак ќе имаше огромен пожар што ќе ми ја запали куќата. Дека државава ни е толку очајна што ништо нема да донесе помош. И искрено... кога сфатив дека исто ќе беше и ако ВМРО беше на власт... одма некако ми е полесно. Фактот што иста ќе беше ситуацијата со ВМРО на власт ме натера да сфатам дека не се сите исти!!! И на следните избори ќе гласам за СДСМ! Нема зошто да се бунам за ситуацијава бидејќи истото ќе беше и со ВМРО. Одма ми е полесно!"  - изјави П.М. жител на Кочани во интервју за нашиот сајт.

Коментари


Остави коментар