Пандемијата на вирусот КОВИД-19 зема се поголем и поголем замав! Имено, екипата на Кооперација дознава дека 100% од активното членство на партијата било позитивно на вирусот!
"Да. Вистина е. Позитивен сум на вирусот. Ми кажа лекарот да им се јавам на сите со кои што сум имал близок контакт во последните 15 денови, но јас не сум имал контакт со никого уште од последните избори. Иначе дечко, дур си тука... да не сакаш да ми се придружиш у партијата? Досадно е да си сам..." - изјави претседателот на партијата во интервју за нашиот сајт.