logo

# Сатира

ЌЕ СИ ЛЕЖИ!!! Рашковски купил кревет со мемори пена

насловна слика

ОГРОМНА ПОБЕДА ЗА ПРАВДАТА! РАШКОВСКИ ЌЕ СИ ЛЕЖИ!!!

 

Од извори блиски на Рашковски, дознаваме дека познатиот генијалец си купил душек со мемори пена, со цел неговиот домашен притвор да се одвива во најдобар ред.

 

Кога го запрашавме дали има вистина во шпекулациите, го добивме следниот одговор:

 

"Да. Вистина е. Особено сакав да биде душек со мемори пена, за да ми ја освежи меморијата дали сум направил некаков криминал или не. Еве, вчера спиев, и сабајлево станав наспан без никакви лоши мисли. Така да, најверојатно не сум направил никаков криминал. Се надевам судството ќе го има овој нов доказ на ум кога ќе ја носи следната пресуда за мене." - кажа Рашковски и продолжи:
 

"Си купив и 25 инчен телевизор, плазма, а освен плазма кексот и пиво си земав. Едвај чекам да гледам Европско првенство додека грицкам и пијам во мојот дом. А и нови звучници земала жена ми, фул сараунд, па навечер ќе можам да се опуштам со јутјуб плејлисти со Боса Нова. Едвај чекам да си лежам дома, вака слободно време без обврски од дамна не сум имал."

 

Го прашавме и господинот Зоран Заев за оваа ситуација, а тој изјави:

 

"Видете, тој не направил ништо лошо. Или можда направил и немам поим кој е и најверојатно го знам само од телевизија... прашајте ме пак за пар месеци и ќе ви дадам одговор."

Коментари

cwPHdMkDez7YlO2Wrexgpok5oeVnhvCHxaJpLvvR

како бонус: наградно питање, дали Ел Рашко ќе го јајт ко Ел Чапо....хахаха


Остави коментар