Уште еден одличен потег што помага кон инклузивноста и еднаквоста во нашата, а и ваша земја!
Имено, екипата на Кооперација дознава дека ќе се смени знамето на државта, со цел да бидат репрезентирани сите луѓе во државава.
"Има луѓе што се родени слепи. Никогаш не виделе сонце. Не е ли малце непријатно знамето да е сонце, а да постојат луѓе што не виделе сонце? Затоа, новото знаме ќе биде огромна темнина. Само црно. Ништо друго. Веруваме дека новото знаме кое ќе биде само црна боја на платно - перфеткно ќе ја опише државата, ставовите на жителите, емоциите и се останато. Има ли нешто подобро што ја претставува државава од само една вечна црнина без никаква светлина? Има ли? НЕМА, НЕМА НЕ ЌЕ СЕ РОДИ! Затоа, ќе го смениме и ова, моменталново знаме!" - изјави Зоран Заев на прес на владата.