logo

# Сатира

Ќе се руши Скопје 2014: Општина Центар набави вентилатори

насловна слика
Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, соопшти дека Советот на општината на денешната седница одлучил да набави десет најмодерни вентилатори, направени да создаваат ветрови со брзина од над 80 километри на час, со цел да се отстранат и останатите зданија со барокни фасади од централното градско подрачје. Вентилаторите ќе бидат инсталирани и употребени на лето, кога најголем број од старите скопјани се враќаат во своите родни места на одмор, а по рушењето на објектитеи фасадите тие ќе се користат за прочистување на загадениот воздух и важни фотосесии.

Коментари


Остави коментар