logo

# Сатира

ЌЕ СЕ МЕНУВА ГРЧКАТА ХИМНА ЗА ДА СЕ СПОМЕНЕ И МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО!!!

насловна слика

Конечно, после година дена од потпишувањето на најгенијалниот договор во историјата на договорите,  Грција ќе направи нешто за доброто на нашата држава.

 

Имено, откако започнаа муабети за промена на химната на Македонија, дознаваме дека истото ќе се случи и во Грчката Република.

 

"Видете, сфаќам дека дел од луѓето во Грција ќе бидат незадоволни. Со секој перфектен договор како нашиот ќе има луѓе на двете страни што нема да им се допадне нештото. Затоа е и разумен компромис, бидејќи двете страни подеднакво добиваат и губат. Во химната на Грција се говори за старите Грци и за Хелените. Но, мора да сфатиме дека денеска во нашата земја живеат и малцинства кои не се Грци нити пак имаат било каква поврзаност со хеленистичкиот период на државата. Затоа, ние мора да гледаме напред и да направиме химна која искрено и фер ќе ја претстави моменталната, модерната ситуација во Грчката Република. Модерна ситуација каде, според Преспанскиот договор што го потпишавме живеат и солиден број на луѓе со Македонско потекло. И да, знам дека најгласните критичари ќе им смета што кажав "македонско" потекло, ама сепак тоа е вистината. Според договорот мораме така да ги нарекуваме сите работи што потекнуваат од Република Северна Македонија. А според истиот договор и мора да признаеме дека денеска, низ нашата држава има многу Македонци. И тие Македонци, исто како и жителите на останатите малцинства во нашата Република мора да бидат репрезентирани. Мора и тие да почувствуваат дека Грција е местото од каде што излегла демократијата. А има ли нешто подемократско од тоа да го почитуваме договорот од Преспа и да ја смениме химната на Грција. Химна што нема да говори само за старите Грци и Хелени туку и ќе има дел со кој ќе може да се гордеат и македонските малцинства, а секако и сите останти малцинства што денеска живеат во Грција"

 

Ова, денеска на прес конференција го изјави министерот за внатрешни работи на Грц...ХАХААХХАХААХХАХАААХ, ве заебавам, сатира е ова, никој нормален нема да мења химна за да го задоволи малцинството, а со Преспанскиот договор не постои македонско малцинство во Грција и дури и ако постои тие не ни зборат македонски туку зборат некој си јазик што Никола Димитров не го разбира аххххаах ќе мењале химна Грција за македонскот малцинство бе хахаххахахаха постоело некое македонско малцинство у Грција хахахахах "Македонското" останува "Македонско" и не треба да се извинуваш дека си стар и си се збунил аххахха не ми се верува дека поверува хааахахахахахха 

Коментари


Остави коментар