logo

# Сатира

Ќе се дигитализира предметот "Физичко'!

насловна слика

Можете да пробате - но дигитализацијата нема да успеете да ја спречите!

 

Нова реформа се најавува во образованието - дигитализација на предметот "Физичко"!

 

Ова денеска на прес-конференција за нејзините фанови и одобрувачи на реформите го објави Мила Царовска.

 

Салата беше празна, но дознавме дека ова било речено на пресот:

 

"Видете. Многу професори по физичко се тешки перверзњаци. Затоа, мора да ги елиминираме. На нивно место, професори ќе биде Алекса - програмата на Амазон. Се повеќе децата велат дека не сакаат да трчаат и да се изморуваат физички, па затоа веруваме дека учење на овој предмет од дома, преку Virtual Reality е следниот логичен чекор во еволуцијата. Наместо децата да губат здив, да се запотени и да трошат енергија на глупости - тие ќе може да трчаат и да прават склекови со притискање на копче. А потоа, нивниот аватар ќе вежба за нив"

 

 

Коментари


Остави коментар