Многу веројатно и последната работа што ја делеше државава од влез во Унијата што нуди перфектен живот, среќа и благодед на секој член на истата ќе биде решена!
Имено, како што дознаваме, ќе се избрише "М." од името на Петре М. Андреевски.
Ова за нас го потврди и еден член на политичката партија СДСМ:
"Да. Вистина е. Ќе го снема тоа М... а и зошто стои таму? Што значи? Знаеш ти што значи? Знае некој што значи? А што ако значи исто како и М во ФФМ или М во МОБ?!?! Што ако утре испадне тоа М значело Мак... Макед...пардон...ми се повраќа" - кажа членот на СДСМ.
Откако тој поврати, кажа "Македонија", а потоа следеше уште една пауза за второ повраќање.
"... е тоа... зборот на М... што ако значи тоа? Зошто да не го смениме во Петре С.М. Андреевски? или Петре Н.З. Андреевски? Што ви е побитно? Иницијалите на некој мртовец или добивање на 500 евра плата?!?!?!? Ве молам луѓе, ајде да гледаме напред" - ја заврши својата реченица членот на СДСМ.